Дома Фудбал Италија ШОК: Обвинети двајца доктори за смртта на Давиде Астори!

ШОК: Обвинети двајца доктори за смртта на Давиде Астори!

Една година откако смртта на Давиде Астори ја потресе Италија и фудбалскиот свет, денес обвинителството излезе со конкретни обвиненија за одговорните.

Имено, двајца лекари ќе бидат обвинети за прераната смрт на капитенот на Фиорентина, пренесуваат италијанските медиуми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Обвинети се Франческо Стањо, директорот на Интитутот за спортска медицина во Каљари и Џорџо Галанти, директорот на Центарот за спортска медицина во Фиренца.

Тие двајца се одговорни за запирањето на срцето на Астори, зашто ги прекршиле „кардиоваскуларните протоколи при проценка дали може да се занимава со спорт“.

Докторите имале за обврска да го предупредат Астори за сериозноста на неговиот проблем, зашто на анализите било покажано дека има срцеви проблеми и морал да изврши дополнителни тестови, но такво нешто не се случило.

Стањо во 2014 година му дал дозвола на Астори, а Галанти потпишал два сертификати во 2016 и 2017 година и покрај проблемите со здравјето на фудбалерот.

Двајцата се теретат дека морале да ги утврдат проблемите, или да го испратат фудбалерот на дополнителни прегледи.

Астори почина на 4-ти март 2018 година во хотелска соба во пресрет на мечот Удинезе – Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси: Барселона е мојот дом и ќе се вратам еден ден

Лионел Меси во моментов игра за Интер Мајами, но по завршувањето на кариерата ќе се врати …