Дома Топ вести Шок за Реал: Рамос се повреди, ги пропушта клучните натпревари

Шок за Реал: Рамос се повреди, ги пропушта клучните натпревари

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе паузира околу еден месец поради мускулна повреда со која се здоби на синоќешниот меч против Косово.

Рамос влезе во игра во 86-та минута, но после мечот полуствувал болки во мускулот, а денес лекарските прегледи покажале сериозна повреда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа самиот Рамос го откри на својот Инстаграм профил, а медиумите пренесуваат дека ќе паузира околу еден месец.

„Вистина е дека зад мене се неколку доста тешки седмици. Хируршката интервенција на коленото секогаш носи пауза, а иако се чувствував подобро и тренирав добро, повторно имав лоша среќа. Вчера, по натпреварот, останав да тренирам на теренот и почувствував болка во левиот лист. Денеска ми направија тестови и истите покажаа дека имам мускулна повреда. Не ми преостанува ништо друго освен да работам напорно и да го бодрам тимот со цела душа“, напиша Рамос.

Ова значи дека Рамос ќе ги пропушти двата натпревари со Ливерпул во Лигата на шампиони и Ел Класико во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…