Дома Фудбал Шок за Реал Мадрид на неколку часа пред дербито против Џирона

Шок за Реал Мадрид на неколку часа пред дербито против Џирона

Иако се најде на списокот на играчи, Антонио Рудигер не ги помина дополнителните лекарски прегледи и ќе го пропушти денешното дерби против Џирона.

Секако дека ова е голем удар за Карло Анчелоти бидејќи во текот на неделата отпадна и Начо Фернандез, а од претходно повредени се Едер Милитао и Давид Алаба.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Стоперскиот тандем на Реал денес би требало да го сочинуваат Дани Карвахал и Орлиен Чуамени, додека на бековските позиции ќе бидат Лукас Васкез и Ферлан Менди.

Останатите линии на тимот се пополнети без повреди и се очекува да настапат: Крос, Модриќ, Валверде, Камвинга, Винисиус и Родрио. Натпреварот е закажан од 18:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ наскоро нема да биде најстар во клубот? Милан ја враќа легендата на 41 година

Милан наводно разгледува сензационално враќање на Тиаго Силва, 13 години откако последен п…