Дома Фудбал Англија Шок за Манчестер Сити: Шеикот Менсур ќе мора да го продаде клубот?!

Шок за Манчестер Сити: Шеикот Менсур ќе мора да го продаде клубот?!

Шокантни вести пристигнуваат од Островот поврзани со актуелниот шампион, Манчестер Сити.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, шеикот Менсур со кого започна една нова ера на „Етихад“ е под истрага и може да остане без клубот.

Британското министерство отвори истрага против сопственикот на Манчестер Сити поради сомневање дека со своето богатство им помагал на руските богаташи да ги префрлат своите средства од Англија во ОАЕ за време агресијата на Русија врз Украина.

Ако истрагата ги потврди соменвањата шеикот кој се проценува на богатство од 16 милијарди евра би можел да остане без клубот. Во Англија постои правило според кое сопствениците и директорите на клубовите не можат да учествуваат во злосторства и да кршат човекови права.

Ќе потсетиме, поради војната во Русија и блискоста со Владимир Путин, Роман Абрамович беше принуден да го продаде Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во Јувентус – Влаховиќ доби казна!

Јувентус во претходното коло на Серија А претрпе болен пораз од Фиорентина, што дополнител…