Себастиен Але ги напуштил подготовките на Борусија Дортмунд во Швајцарија, затоа што му е откриен тумор на тестисите.
Але кој е роден во Франција, настапува за репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска, поради тешка болест го напушти клупскиот тренинг камп во Бад Рагаз, Швајцарија и итно отпатува назад во Дортмунд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој во понеделникот по тренингот се пожали дека не се чувствува добро, а лекарските прегледи открија дека има рак на тестисите.
Але летово пристигна во Дортмунд од Ајакс за отштета од 35 милиони евра и требаше да биде замена за Халанд.
Sebastien #Haller hat das #BVB-Trainingslager in Bad Ragaz krankheitsbedingt verlassen müssen und ist bereits zurück nach Dortmund gereist. Bei Untersuchungen wurde ein Hodentumor entdeckt.
— Borussia Dortmund (@BVB) July 18, 2022
Gute Besserung, @HallerSeb! 🙏🙏
Weitere Infos: https://t.co/XPaNATxgDI pic.twitter.com/v6hA6MeGLV