Дома Фудбал Шок за Белгија. Лукаку и Де Брујнe одбија да играат за националниот тим

Шок за Белгија. Лукаку и Де Брујнe одбија да играат за националниот тим

Белгиските медиуми пишуваат за голем шок во репрезентацијата. Иако добија покани за претстојните натпревари од Лигата на нации против Италија и Франција, двете најголеми ѕвезди ја одбија поканата.

Станува збор за Ромелу Лукаку, најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата и Кевин де Брујнe.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Лукаку не беше во тимот ниту во последниот циклус, кога од здружението побара лично време за да го реши трансферот во Наполи.

Де Брујнe пред две недели се здоби со полесна повреда, па тоа е официјалната причина за неговото одбивање, но се повеќе локални медиуми пишуваат дека се подготвуваат нови пензионирања од златната генерација на белгискиот фудбал. Да потсетиме, ова веќе го направија Еден Азар (33), Јан Вертонген (37) и Тибо Куртоа (32).

Причината за откажувањето лежи во незадоволството од селекторот, пишува еден дел од медиумите, додека другиот посочува дека селекторот е во контакт со споменатите двајца играчи и постои оптимизам дека тие ќе се вратат во националниот тим.

По поразот од Франција минатиот месец, капитенот на Белгија Де Брујнe беше незадоволен. Офанзивниот играч за врска, кој има 107 настапи и 30 гола за Белгија, неколку пати му рекол на репрезентативниот директор Франк Веркаутерен дека веднаш ќе ја напушти репрезентацијата, објави тогаш белгискиот портал ХЛН.

Де Брујне беше крајно незадоволен од соиграчите. Незадоволството го искажа и по натпреварот кога требаше да даде изјава за белгиските медиуми. „Франција беше подобра, нема што многу да се зборува“, рече видно фрустрираниот Де Брујне и продолжи:

“Игравме со шест во одбраната. Немаше врска меѓу редовите. Моравме да играме подобро во второто полувреме. Некои играчи не си ја завршија работата. Кажав во соблекувалната што треба да поправиме. Играме на највисоко ниво.

Ако не можете да играте против најдобрите, тогаш не сте доволно добри. Мора да дадете се од себе на теренот, а некои од нашиот тим не го прават тоа. Можам да прифатам дека не сме толку добри како Французите. Но, овие други работи се неприфатливи. Сега нема да плачам. Имам 33 години и повеќе не го правам тоа“, изјави Де Брујне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Голот на Влаховиќ – еден од најубавите потези во второто коло во ЛШ

Во Лигата на шампионите во дресот на Јувентус блесна и напаѓачот на српската фудбалска реп…