Дома Останати Тенис Шок во тенискиот свет: Најдобрата тенисерка во светот се пензионира на 25 години!

Шок во тенискиот свет: Најдобрата тенисерка во светот се пензионира на 25 години!

Eшли Барти го шокираше тенискиот и спортскиот свет со најава дека заминува во пензија на само 25 години.

Австралиската тенисерка и трикратна освојувачка на гренслем титули во овој момент е водечка на ВТА листата. Барти го потврди крајот на кариерата на социјалните мрежи и на навивачите им порача дека тоа го прави среќна и спремна за тениска пензија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Среќна сум и спремна за тоа. Во своето срце знам дека ова е вистинскиот момент. Благодарна сум на се што ми даде овој спорт, го напуштам со гордост и исполнета“, изјави Барти додавајќи дека е целосно истрошена и дека од физички аспект нема што повеќе да даде.

Барти веќе 114. недела е водечка тенисерка во светот што е четврта најдолга низа на ВТА листата во историјата. Освојувачката на Ролан Гарос, Вимблдон и Австралија Опен во кариерата освои 15 поединечни титули и 12 во пар со скор 305-102 во сингл. Само од турнирските награди во кариерата заработи скоро 24 милиони американски долари.

Кариерата ја прекинува без пораз во 2022 година (11:0) и откако победи на 25 од последните 26 мечеви. Само Стефи Граф (186 недели), Серена Вилијамс (186 недели) и Мартина Навратилова (156) биле подолго на врвот од Барти без прекин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се искачи на четвртото место, Алкараз го презеде врвот од Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место и на денес објавената АТП-листа с…