Дома Останати Ракомет Шок во соседството: Во вооружена престрелка животот го загуби претседателот на РК Црвена Звезда

Шок во соседството: Во вооружена престрелка животот го загуби претседателот на РК Црвена Звезда

Спортска трагедија ја погоди денес Србија.

Претседателот на ракометниот клуб Црвена Звезда и потпретседател на Ракометниот сојуз на Србија, Мирко Бутулиja денес бил застрелан во вооружена престрелка во Белград. Бутулиja во претстрелката за жал и го загубил животот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Трагичниот настан се случи во просториите на авто-мото сојузот на Србија, а кон него пукал секретарот на АМСС Предраг Џурџев кој потоа самиот си го одземал животот.

Брзата помош пристигнала во просториите на АМСС и пренеле Бутлиja на Ургентниот центар каде што подоцна им подлегнал на повредите.
Мотивот и причината за овој настан засега не се познати.

Мирко Бутулиja претседател на РК Црвена Звезда стана во 2014 година, а ја извршуваше и функцијата потпретседател на РС Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ракометарите ги започнаа подготовките за ЕП, Кузмановски порача: Ова е најубавиот период во годината!

Македонската ракометна репрезентација денеска официјално ги стартуваше подготовките за нас…