Шпанските медиуми денес ласнираа вистинска „бомба“ и тврдат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез има намера да го продаде Лука Модриќ ова лето.
„Кралевите“ вчера победија рутински против Алавеш со 3-0 а играта на Модриќ беше оценета како најлоша до сега во дресот на Реал Мадрид.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Играта на Лука Модриќ против Алавес наиде на големи критики во медиумите, тој на теренот беше 68 минути, а по неговото излегување Реал Мадрид почна да игра подобро.
„Реал Мадрид е подготвен да го продаде Модриќ ако стигне добра понуда“, тврдат медиумите блиски до „кралскиот“ клуб.
Овие информации се навистина зачудувачки со оглед на фактот дека Модриќ е еден од најдобрите поединци на Реал изминатите, но и оваа сезона.
Медиумите во Шпанија наведуваат дека доколку биде продаден Хрватот на негово место Реал ќе се обиде да го донесе Филипе Кутињо од Ливерпул.