Дома Македонски спорт Мак ракомет ШОК: Вардар поради Ковид нема да игра на Фајнал фор

ШОК: Вардар поради Ковид нема да игра на Фајнал фор

Вардар загуби на гости кај ППД Загреб со 25:22, но сепак, поради предноста од првиот меч од четири гола (24:20), успеа да се пласира на Фајнал фор турнирот на регионалната СЕХА лигата.

Меѓутоа, Вардар нема да игра на завршниот турнир кој викендов ќе се одржи во Задар, поради позитивни случаи на Ковид-19. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Црвено – црните“ поради позитивни случаи на Ковид-19 мора да се вратат во Македонија и нема да настапат на Фајнл-фор турнирот.

Според правилата на ЕХФ позитивните ракометари одат во изолација, но хрватските власти не им дозволуваат на останатите ракометари да патуваат за Задар и мораат да се вратат во Македонија.

Сега се очекува на местото на Вардар против Мешков Брест да игра тимот на Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…