Реномираниот „Скај Спорт“ пренесува најнови вести од таборот на белгискиот национален тим.
Белгијците имаат максимален учинок после првите две кола и одлична гол разлика, па можностите да останат без 1/8 финале се само теоретски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имаат шест бодови и гол разлика +6, ги следи Англика со три бода и +1 гол разлика, но и натпревар помалку против Панама. Доколку Англичаите слават што е и за очекување би обезбедиле 1/8 финале за себе и Белгија.
Така во последното коло би играле во директен дуел за првата позиција во групата, а според информациите на „Скај“ Белгијците во овој натпревар ќе бидат сериозно ослабени.
Имено поради повреда под знак прашалник за натпреварот против „Гордиот Албион“ се Дрис Мертенес, Еден Азар и Ромелу Лукаку!
Нивното отсуство би било огромен хендикеп за Белгија и сигурен дека оваа селекција не е иста со и без нив во составот, па Англичаните би имале одлична прилика да стигнат до првото место во оваа група.
BREAKING: @RomeluLukaku9, @hazardeden10 and @dries_mertens14 injury doubts for @BelRedDevils final Group G game with @England. #SSN pic.twitter.com/Y1LNP3mnz1
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 23, 2018