Дома Фудбал Останато Шокантни вести: Фудбалерот кој потпиша договор со хрватскиот прволигаш и исчезна е – киднапиран?!

Шокантни вести: Фудбалерот кој потпиша договор со хрватскиот прволигаш и исчезна е – киднапиран?!

Со необична и немила ситуација се соочи хрватскиот прволигаш Горица која очајнички заедно со полицијата е во потрага по своето последно засилување Хамед Абдуалах Талал кој пред десетина дена потпиша договор со членот на елитниот ранг во Хрватска.

Талал по потписот со Горица отпатува во Будимпешта за да поднесе документација за регистранција, но во унгарската престолнина му се губи секаква трага.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во текот на вчерашниот ден унгарската полиција успеала да го пронајде неговиот автомобил, но од играчот нема ниту трага, ниту глас. Полицијата не ја исклучува можноста кинднапирање да е причината исчезнувањето на фудбалот. Наводно, постојат оправдани сомнежи за такво нешто.

Останува да се види како ситуацијата ќе се развива и дали ако е навистина киднапиран ќе се јават сторителите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Конате даде гол за Ливерпул, па почна да плаче како мало дете (Видео)

Ливерпул го доби дербито против Њукасл со 4-1, а големо внимание привлече Ибрахима Конате …