Репрезентативецот на актуелниот шампион на Европа побарал од селекторот и нацијата да му простат поради неговата одлука да не игра на претстојниот Мундијал.
Многумина фудбалери сонуваат дресот на својата земја да го носат на најголемиот планетарен турнир, но тоа не е случај и со – Фабио Коентрао!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот го шокираше фудбалскиот свет со својата објава дека не сака да настапи на Мундијалот.
„Минатата недела, после многу размислување му соопштив на селекторот дека поради исцрпеност донесов одлука да на играм на Мундијалот, не се се чуствувам спремен да ја претставувам мојата земја“, напишал Коентрао.
Бидејќи не соопшти дека планира да се повлече од репрезентацијата, а на јавноста не е и е познато дека станува збор за некаква повреда, оваа одлука секако изгледа шокантно.
„Никогаш нема да и го свртам грбот на мојата земја, се надевам дека во иднина почесто ќе бидам дел од репрезентацијата. До тогаш ќе ви бидам верен навивач. Се гледаме наскоро. Среќно момци“, додаде Коентрао во своето обраќање преку друштвените мрежи.