Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкупи се налути и „распука“ по ФФМ!

Шкупи се налути и „распука“ по ФФМ!

Поранешниот македонски шампион Шкупи со остро соопштение ја критикуваше ФФМ поради проблемот со вадење виза Валид Хамиди.

Чаирчани ја критикуваа „Куќата на фудбалот“, но и државата. Соопштението ви го пренесуваме во целост:


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


„Доста е. Шкупи е екипа на оваа земја. Ние како клуб во Европа ја претставуваме Република Македонија. На само еден ден пред мечот во Конференциската лига, сè уште не сме добиле патна виза за еден од нашите најважни фудбалери, Валид Хамиди. Оставени сме сами на себе во борбата да го решиме овој проблем. Ниту ФФМ, ниту некој друг функционер не се вклучи да помогне.

За да се реши проблем, се вклучија Фудбалската федерација на Литванија и УЕФА, но сè уште немаме позитивен одговор. Треба добро да се разбере дека целта на ФФМ е да им служи на фудбалот и клубовите.

Зошто сме оставени сами во толку важен момент? Како резултат на секое достигнување во Европа, успехот е препишан и на Република Македонија. Не разбираме зошто не му се издаде виза на Хамиди“, стои во соопштението на чаирчани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Аларм за гигантите: Фудбалерот од 60 милиони фунти доби дозвола да замине!

Њукасл ќе направи низа промени во својот тим во следниот преоден рок. Англискиот тим ќе би…