Денес тимот на Шкупи претстави две засилувања.
Тимот од Чаир се засили со 24 годишни Валид Хамиди кој доаѓа од Алжир и 22 годишниот Мумамаду Соубахибу од Сенегал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Задоволство ми претставува што ќе бидам дел од овој тим, ќе дадам се од себе да одиграме една добра сезона“, изјави Хамиди.
Слична прва изјава во дресот на Шкупи имаше и Бери.
„Радосен сум што доаѓам тука, верувам дека можам да му помогнам на тимот во европските натпреварувања и домашното првенство“.
Двајцата фудбалери ќе имаат право да настапат во реваншот против Лапи на гостински терен кој се игра во четврток. Првиот натпревар во Скопје Шкупи го доби со 2:0.