Дома Фудбал Останато Шкриниар стави крај на сите шпекулации

Шкриниар стави крај на сите шпекулации

Во моментов е со репрезентацијата на Словачка, но медиумите не престанвуаат да го поврзуаат Шкриниар со бројни европски гиганти.

Последен во низата е Баерн, се споменува дека актуелниот германски шампион сака да го реконструира својот тим и дека во плановите е доведувањето на овој 23-годишен фудбалер на Интер. Јасно е дека Интер нема така лесно да го пушти овој играч, а се споменува дека „Нераозурите“ побарале повеќе од 80 милиони евра за да се согласат на продажба.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Шкриниар одговори на овие вести за интересот на бројните клубови за него.

„Читам од ден во ден за тие работи, но не размислувам за нив. Ме поврзуваат со бројни тимови и во текот на летото, па на крајот ништо не се случи и на крајот останав во Интер. Ние имаме многу натпревари со Интер кои не чекаат по репрезентативните паузи. Дербито со Милан е многу блиску, мораме да се подготвиме. Јувентус е лидер во Италија, но ние може да се справиме со нив. Се надевам дека оваа позитивна серија ќе трае долго“, изјави дефанзивецт на Интер.

Шкриниар пристигна во Интер минатото лето за 20 милиони евра од Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луj ван Гал го победи ракот: Морав да носам пелени, ми беше многу тешко

Легендарниот холандски тренер Луи ван Гал (73) објави нови детали за неговата борба со рак…