Порталот на албански јазик „Инфоспорт“ најави вистинска „бомба“ во македонскиот фудбал – Агим Ибраими би можел да ја засили Шкендија.
Во овој момент Ибраими е член на Домжале, а најдобрите денови од кариерата ги помина во Марибор со кој беше учесник и во Лигата на шампионите. Дресот на Шкендија го носеше во 2005 и 2006 година и во тој период запиша 49 настапи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што тври „Инфоспорт“, Ибраими е блиску до потпис со Шкендија, а како причина се наведува тешката повреда на Марјан Радески. Покрај Радески кај Шкендија повредени се уште Бесарт Ибраими и Стенио Жуниор.
Освен Марибор и Домжале, Ибраими во својата кариера настапуваше за Астана, Каљари, Нафта и Олимпија.
Дресот на македонската репрезентација го носеше 39 пати и на своето конто има седум погодоци.