Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија се засили со Португалецот Алдаир

Шкендија се засили со Португалецот Алдаир

Алдаир Сапало Амаро Нето е третото зимско засилување за актуелниот шампион Шкендија.

Станува збор за 25-годишен фудбалер со португалски пасош, кој игра на крилните позиции и после пробата во тренинг кампот потпиша договор на шест месеци.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Договорот може да му биде продолжен на уште две години доколку го покаже својот квалитет.

„Чест ми е што потпишав за Шкендија и се надевам на добра игра. Верувам во позитивни работи и сакам да се заблагодарам на управата на клубот која ми ја даде нивната доверба. Првиот ден кога дојдов во Македнија го гледав мечот против Вардар и видов дека нашиот тим е многу добар“, изјави Португалецот.

Алдаир Нето доаѓа од велшкиот шампионат каде што ги бранеше боите на Бангор Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…