Вицешампионот од ПМФЛ, Шкендија објави дека Алмир Аганспахиќ повеќе не е фудбалер на тетовскиот клуб.
Аганспахиќ заминува по само една сезона во Тетово откако клубот и раководството одлучија дека разделбата во овој момент е најдобра и за двете страни.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Шкендија му се заблагодарува на Алмир Аганспахиќ за неговиот придонес и му посакува среќа во кариерата“, стои во клупското соопштение.
Фудбалерот кој има 27 години зад себе во ПМФЛ има солидна сезона во која постигна 12 гола на 30 натпревари.