
Откако Шкупи ги доби противникот во Лигата на шампионите, своите противници во Конференциската лига ги добија Академија Пандев и Шкендија.




Македонскиот вицешампион Академија ќе игра против Лехија Гдањск, а Шкендија против ерменскиот шампион Арарат. Пандевци за кои ова е второ учество во Европа го добија веројатно најтешкиот можен противник од групата на носителите.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
И Шкендија немаше среќа па така од можни многу послаби ривали тие го добија најсилниот. Арарат е екипа која во изминатите години покажа добри настапи против силни екипи, па затоа Шкендија ќе мора да биде највисоко ниво ако сака пласман во следното коло.




Шкендија е домаќин на првиот меч, а А.Пандев гостува, тие мечеви се закажани за на 7. јули, додека реваншите се на 14. јули.