Дома Фудбал Италија Шест клуба од Серија А сакаат крај на сезоната

Шест клуба од Серија А сакаат крај на сезоната

Италија е една од најпогодените земји од коронавирусот, но фудбалските власти инсистираат дека Серија А мора да биде завршена и плановите се првенството да продолжи кој крајот на мај и почетокот на јуни.

Сепак, не се сите клубови задоволни од таквата одлука, па дури шест клуба се изјасниле дека се за предвремено завршување на сезоната. Тоа се Торино, Удинезе, Сампдорија, Џенова, СПАЛ и Бреша.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Интересно е дека овие клубови заземаат некое од последните седум места на табелата и предвремен прекин на првенството би можело да ги спаси од испаѓање.

Во меѓувреме Јувентус, Лацио, Рома, Наполи, Верона, Парма, Сасуоло и Лече се клубовите кои бараат првенството сигурно да се доигра кога ќе се создадат услови за тоа.

Се уште немаат јасна позиција Интер, Милан, Аталанта, Болоња, Каљари и Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…