
Челзи оваа сезона игра одлично под палката на Маурицио Сари, но во јануари се спремнаат големи промени во тимот.
Имено, Сари бара од раководството да бидат донесени три засилувања, а на мета на клубот се Лозано, Ругани, Икарди… Во исто време дури шестмина фудбалери би можеле да го напуштат „Стенфорд Бриџ“ во зимскиот преоден рок.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Еден од нив е Виктор Моузес кој воопшто не добива минутажа оваа сезона и е спремен да ја промени средината. Ист е случајот со дефанзивците Кристенсен и Гери Кејхил.
Цеск Фабрегас исто така би можел да замине во јануари бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Останатите двајва се млади фудбалер, Ходсон Одој и Лофтус Чик кои би требало да бидат испратени на позајмица.