Дома Македонски спорт Мак ракомет Шести камп „Кирил Лазаров“, капитенот повикува: Зедно да сонуваме, се дружиме и создаваме камперски спомени!

Шести камп „Кирил Лазаров“, капитенот повикува: Зедно да сонуваме, се дружиме и создаваме камперски спомени!

Стартува пријавувањето за шестиот ракометен камп на капитенот Кирил Лазаров, интересот секоја година потојано расте.

Капитенот на Македонија ги повика младите ракометари да бидат дел од овој камп.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ако ракометот е твојот сон, ајде заедно да го сонуваме, да се забавуваме, дружиме, да создаваме камперски спомени…”…со овие зборови капитенот на националниот тим и најдобар македонски спортист Кирил Лазаров и КМГ Спорт, агенцијата која стои како логистичка поддршка на настанот го најавуваат шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7″ кој од 19 Јуни до 01 Јули ќе се одржи во прекрасниот Охрид.

Камп кои ги урива сите рекорди кога е во прашање неговата организација и реализација. Камп на капитенот на македонскиот национален тим, најдобар македонски спортист, најдобар стрелец на сите времиња, најдобар десен бек, нашата гордост Кирил Лазаров.

Изминатите пет години на кампот „Кирил Лазаров 7″ поминаа повеќе од 1400 учесници, голем дел од Македонија но и ракометари од цела Европа. Интересот за овој настан за млади категории кај децата кои се на самиот страт со ракометната „азбука” но и оние кои повеќе години тренираат ракомет постојано расте. Насмевката на нивните лица, задовоството кај нивните родители е најголема награда за организаторот и потврда дека работите се одвиваат во вистинска правец на задоволство на сите, не заборавајќи дека секогаш може подобро.

Кампот и оваа година ќе се одржи во Охрид, во спортскиот комплекс на хотелот „Аквалина”, во две смени стартувајќи од 19 Јуни до 01 Јули 2020 година. Организаторот на кампот, агенцијата  „КМГ Спорт” информира дека покрај седум дена тренинг со капитенот, тимот тренери и гости од нашата земја и странство, секое дете од Македонија учесник на кампот  има обебедено превоз до и од местото на одржување на кампот, медицински преглед во „Жан Митрев Клиник”, комплет опрема од врвен производител, комплетно здравствено осигурување, сместување во хотел од висока категорија и 24-часовен мониторинг од медицински тим.

Кампот е еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба од повеќе аспекти и насоки (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон, градење на индивидуата за доброто на колективот) . Во период од седум дена секое лето најдобриот светски десен бек Кирил Лазаров, сегашни и бивши репрезентативци и големи имиња од светот на ракометот и наједуцирани македонски и европски тренери имаат свое место во мозаикот на ракометниот камп. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, здравствена заштита и нега, едукативни предавања на теми кои им се неопходни во овој период на нивниот живот, дружење и многу забава.

Сите заинтересирани повеќе информации ќе најдат на официјалните медиуми на кампот, нивната Веб страна http://bit.ly/3b8CTNC  и Фејсбук страната www.facebook.com/handballcampkirillazarov7  . 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…