Дома Актуелно Шалке ја доби битката за лев бек на Барселона

Шалке ја доби битката за лев бек на Барселона

Левиот бек на Барселона, Хуан Миранда ќе се пресели во Бундеслигата и ќе го облече дресот на Шалке, пренесува „Билд“.

19-годишниот Миранда не беше дел од групата играчи за синоќешниот меч со Бетис, а трансферот треба да биде финализиран во следните денови.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Миранда според договорот ќе се пресели во Шлаке на двегодишна позајмица, а германскиот клуб нема да има опција за негово откупување, бидејќи Барса сака да го врати назад.

Минатата сезона Миранда одигра четири меча во Лигата на шампиони, но се уште нема дебитирано во Примера, а важи за еден од најголемите таленти во Ла Масија.

За него силен интерес покажуваа Марсеј и Јувентус, но Барса не сакаше да го продаде, па ќе го испрати на двегодишна позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Тикет на денот (среда, 23.04.2025)

Денешната среда изобилува со натпревари. Понудата е фантастична и веруваме дека ќе ја напр…