Дома Фудбал Германија Чурлинов: Промашениот зицер ме мотовираше, знаев дека морам да дадам гол

Чурлинов: Промашениот зицер ме мотовираше, знаев дека морам да дадам гол

Maкедонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов вчера постигна гол за Шалке кој беше негов втор за германскиот тим оваа сезона.

Чурлинов ја завери победата од 2:0 против Падерборн со која овој тим в лезе во борбата за директен кам-бек во германската Бундеслига. Чурлинов постигна гол во 74. минута. Меѓутоа десетина минути пропушти уште поголема шанса. После натпреварот истакна дека тој промашен зицер дополнително го мотивирал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Морав да го постигнам тој гол, нема оправудвања за промашувањето. Сепак, јас сум силен психички и знаев дека следната шанса која ќе ја имам ќе ја претворам во гол“, изјави Чурлинов.

Ќе потсетиме, Чурлинов во Шалке игра како позајмен фудбалер од Штутгарт со кој има договор до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …