Иван Чупиќ упати остри критики кон ЕХФ, откако европската ракометна федерација одложи два натпревари на „црвено-црните“ во Лигата на шампиони.
Вардар две кола по ред не игра во Лигата на шампионите бидејќи Елверум и ПИК Сегед од разни причини не можеа да играат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ракометарите на Вардар само тренираат и се огорчени што не можат да играат натпревари.
„Тоа нема никаква смисла, работиме, тренираме и зависиме од ситуацијата. Подобро воопшто да не се игра ако е вака, бидејќи не е регуларно“, изјави Хрватот.
„Жално е што на сето ова молчат клубовите и играчите, тоа никако не е во ред, бидејќи на крај тоа нив ќе им се одбие од глава со ваков ритам на играње. Клубовите од ЕХФ не добија ништо за поддршка во време на корона кризата, а со ваков однос од нивна страна, работата само им се отежнува“, заклучи Чупиќ.
„Фудбалот можеше да ја игра завршницата на едно место, без публика. Можевме и ние, а не го направивме тоа. Тие велат дека спонзорите им се важни, па зарем УЕФА нема спонзори. Знам, не е добро да го споредуваме фудбалот со било кој друг спорт, но сепак мора да има ред. Зошто Елверум не можеше да дојде во Скопје, а можеше Хајдук или Тотнем да играат против Ренова и Шкендија? Ова нема никаква смисла. Или нека се прекине ова, или сите нека добијат исти услови“, заврши десното крило на Вардар.