Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ пред пет години дојде во Вардар и од тогаш е еден од најважните играчи на црвено-црните. Хрватот имаше голем удел во освојувањето на двете европски титули во 2017 и 2019 година.
Од вчера Чупиќ на големо се поврзува со заминување од Вардар и тоа во редовите на ППД Загреб, најави „Хендбол-Планет“. Неодамна се пишуваше дека Чупиќ има понуда од Кил, меѓутоа тогаш Чупиќ изјави дека ќе остане во Скопје до крајот на сезоната, а потоа ќе реши што понатаму.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Хендбол-Планет“сега објави дека Чупиќ веќе потпишал тригодишен договор со Загреб каде што играше пред 14 години. Во Загреб Чупиќ би преминал на крајот од сезоната.
Кариерата Чупиќ ја започна во Метковиќ. Потоа играше за Загреб, па Октавија Полотес, Горење Велење, Рајн Некар Левен, Виве Кјелце и Вардар.