Дома Македонски спорт Мак фудбал Чулев: Нема причина Македонија – Косово да се игра без публика, во контакт сме со навивачките групи

Чулев: Нема причина Македонија – Косово да се игра без публика, во контакт сме со навивачките групи

Како што се наближува натпреварот помеѓу Македонија и Косово на 26. март така течат и подготовките на МВР.

Ако коронавирусот не ги расипе плановите Арената „Тодор Проески“ ќе биде исполнета до последното место со оглед на тоа дека вчера беше објавено дека билетите за оваа средба се распродадени.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Министерот за внатрешни работи Чулев истакна дека не гледа причина овој натпревар да се игра без публика кога е безбедноста во прашање. Чулев потенцираше дека планот на МВР за безбедност е на највисоко ниво.

“Не гледам причина фудбалскиот натпревар да биде без публика. Во постојан контакт сме со навивачките групи, разговараме превентивно. Направиме план на ниво на МВР кој е план за Европско првенство 2020 и преземаме мерки и активности натпреварот да биде одржан во најдобри услови од безбедносна гледна точка“, изјави Чулев.

Кога во прашање е можноста коронавирусот да ги испразни трибините, тој одговори дека за тоа ќе одлучува Министерството за здравство и Владата.

„Таа одлука е во надлежност на Управувачкиот комитет и водечка улога тука има Министерството за здравство. Согласно со препораките на министерот за здравство, таква одлука ќе донесе и Управувачкиот комитет односно ќе предложи одлука на Владата. Во моментов немаме никакви индикаци дека е потребно одложување на фудбалскиот натпревар Македонија – Косово“, додаде Чулев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Проблеми во Париз: Дембеле исфрлен од тимот на ПСЖ?!

Според последните информации кои пристигнуваат од Франција, Усман Дембеле бил отстранет од…