Кошаркарите на Аргентина се пласираа во големото финале на Светското првенство во Кина откак ово полуфиналето ја победија Франција со 80:66.
Иако Франција важеше за фаворит пред овој натпревар Аргентинците уште еднаш одиграа фантастичен натпревар и дојдоа до победа и пласман во големото финале. Покажаа дека победата над Србија не е случајност, а по се што прикажаа и заслужија да се борат за златото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинците подобро го отворија натпреварот и поведоа со 10:2. На крајот од првата четвртина имаа 21:18. До заминувањето на полувремето зголемија на 39:32.
Уште подобро го отворија Аргентинците вториот дел, додека Французите беа очајни во одбраната. Фурниер и Де Коло не успеваа да го пронајдат вистинскиот ритам.
Имаа Аргентинците плус 12 на крајот на третиот период, а до крајот успеаа за да ја задржат предноста и Франција ја испратија во борба за третото место.
Ветеранот Луис Скола игра неверојатна кошарка и ја предводеше Аргентина со 28 поени и 23 скокови.
Финалето на програмата е во недела, додека утре се играат натпреварите за медал.