Со победата над Минесота од 108:105, Далас поведе со 1:0 во финалето на западната конференција од плеј-офот на НБА во серијата која се игра на четири победи.
Брилијантниот Кајри Ирвинг постигна 30 поени, од кои два клучни слободни фрлања на седум секунди до крајот за потврда на пресвртот и победата, но ова е триумф на Лука Дончиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Словенечкиот феномен беше најефикасен на натпреварот со 33 поени, од кои 15 постигна во последната четвртина. Тој додаде 8 асистенции, 6 скока, 1 блокада и 3 украдени топки. Тие се покажаа како исклучително важни.
Сето тоа Дончиќ го направи со повредено, крваво десно колено и отечен лев зглоб, а во текот на играта од ударите прокрвари левото колено, кое дотогаш беше здраво.