Дома Фудбал Лига на шампиони Човекот поради кој настанаа сите контроверзии вчера во Амстердам: Не можев да исчезнам

Човекот поради кој настанаа сите контроверзии вчера во Амстердам: Не можев да исчезнам

Ајакс во рамките од осминафиналето од Лигата на шампионите запиша пораз на свој терен од Реал (1:2).

Холанѓаните се покажаа во навистина добро светло посебно во првиот дел, но не успеаа да дојдат до погодок кој ќе им ги олеснеше работите во продолжение.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најзаслужен за тоа беше ВАР системот за кого ова беше прва реакција во Лигата на шампионите каде што започна да се користи од оваа фаза. После прегледувањето на снимката Скомина сметајќи дека Тадиќ кој беше во офсајд му пречел на Куртоа го поништи погодокот.

После натпреварот не изостанаа критики на сметка на главниот судија, а дека Ајакс е оштетен смета и самиот Тадиќ.

„Не можев да исчезнам од теренот. Погодокот беше чист. Доминиравме создававме шанси, додека Реал постигна два гола о две шанси и тоа е основната разлика. Но, мислам дека дека имаме добри шанси во реваншот ако играме на ист како на оваа средба. Реал до победата стигна потпирајќи се на искуството“, истакна српскиот фудбалер.

https://youtu.be/ZJ-ddf2pFsE

УЕФА после натпреварот ја бранеше одлуката на Скомина да го промени мислењето после прегледувањето на ВАР.

„ВАР во ЛШ: во 38. минута од натпреварот помеѓу Ајакс и Реал Мадрид, голот на Николас Таљафико со глава беше поништен по прегледување на снимките со ВАР. Судијата процени дека соиграчот на Таљафико, Душан Тадиќ е во офсајд позиција и му пречи на голманот, со што го оневозможува да игра или да биде во можност да игра со топката во моментот кога Таљафико со глава ја удира топката. Ова е во рамките на протоколот на ВАР и голот коректно беше поништен и беше досуден офсајд“, стои во соопштението од УЕФА.

Реваншот на „Сантијаго Бернабеу ќе се игра на 5-ти март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…