Дома Фудбал Човекот кој го откри Меси: Ни Кутињо, ни Дембеле не вредат толку пари!

Човекот кој го откри Меси: Ни Кутињо, ни Дембеле не вредат толку пари!

Трансферот на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 160 милиони евра веќе неколку дена е централна тема во Европа.

Кутињо стана третиот најскап фудбалер во историјата на фудбалот, а многу фудбалски експерти тврдат дека Бразилецот не вреди толку пари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Такво мислење има и човекот кој го откри Лионел Меси, Јосеп Марија Мингуела.

Кутињо не вреди 160 милиони. Тој е навистина добар играч, ќе му помогне на тимот, но не вреди толку колку што е платен“, тврди Мингуела.

„Исто мислам и за Дембеле. Платен е повеќе од 100 милиони само што побрзо да се донесе замена за Нејмар. Ниту тој не вреди толку пари. Иако моментално владее лудило на фудбалскиот пазар, ова не се реалните цени на фудбалерите“, заклучи Мингуела.

Мингуела е човек кој одлично ги познава фудбалските прилики бидејќи повеќе од 40 години е скаут и тој е човекот кој го открил Лео Меси додека работел во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…