Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се наоѓа во Грција каде што вечерва ќе присуствува на натпреварот од Суперкупот на Европа помеѓу Манчестер Сити и Севиља.
За грчките медиуми Чеферин зборуваше и нередите кои минатата недела се случија во Атина, а во кои загина 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис. Чеферин имаше средба и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Тажни сме и бесни поради овие страшни работи кои се случија. Бесни сме затоа што некои луѓе ги користат фудбалските натпревари за насилство. Замислете каква личност треба да сте за да нападнете некого само затоа што носи дрес од друг клуб“, изјави Чеферин.
Чеферин не сака тие да се нарекуваат „навивачи“.
„Не ги викајте „фудбалски навивачи“. Тие не се „навивачи“, тоа се луѓе кои го користат фудбалот за своите глупави идеи. Насилството и хулиганизмот не се проблем само во Грција, туку во цела Европа. Мораме да го искорениме тој канцер од нашето друштво“, истакна претседателот на УЕФА.
УЕФА поради нередите го откажа првиот натпревар помеѓу АЕК и Динамо кој требаше да се игра во Атина, па првиот натпревар меѓу двата тима се одигра вчера во Хрватска, а АЕК славеше победа од 2:1. Реваншот е закажан за в сабота во Атина.