Дома Фудбал Останато Чеферин потврди дека Реал, Барса и Јувентус се уште можат да бидат исфрлени од ЛШ

Чеферин потврди дека Реал, Барса и Јувентус се уште можат да бидат исфрлени од ЛШ

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се уште можат да бидат исклучени од Лигата на шампиони.

Трите клуба, кои беа меѓу основачите на Суперлигата, се единствените кои се уште не се откажуваат од проектот и уште тврдат дека може да биде реализиран.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поради тоа се чека одлука од Дисциплинската комиција, откако претходно судот во Мадрид даде зелено светло конечната одлука да ја донесе УЕФА.

„Во моментов има жалба на одлуката на нашата жалба од нивна страна и сега ја чекаме одлуката. Кога процесот ќе заврши ќе може да делуваме. И секој клуб може да биде казнет, без разлика како се вика, па дури и ако е европски шампион. Правилата се исти за сите, сите клубови имаат ист третман. Така да можеме да ги исфрлиме Реал, Барса и Јуве, но за тоа решава дисциплинската комисија која е независна“, рече Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…