Дома Фудбал Останато Чеферин за случајот против Барселона: Тој е еден од најсериозните што сум ги видел

Чеферин за случајот против Барселона: Тој е еден од најсериозните што сум ги видел

Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин се подготвува за конгресот во Лисабон што ќе се одржи следната среда, каде што ќе биде реизбран за претседател и ќе добие нов мандат до 2027 година.

За време на конгресот Словенецот ќе се занимава и со „случајот Негреира“ за кој против Барселона е отворена и истрага.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Како што е веќе добро познато Каталонците се обвинети дека на Хозе Енрикез Мануел Негреира, поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија и неговата компанија од 2001 до 2018 година му платила вкупно 8,4 милиони евра за судиите во тој период да бидат ,,ветер во грб” на каталонскиот гигант.

„Во овој момент не би можел јас директно да коментирам. Прво, затоа што имаме независна дисциплинска комисија која е одговорна за ова, и второ, затоа што јас не се занимавав детално со оваа работа“, одговори Чеферин па продолжи истакнувајќи загриженот за сериозноста на случајот.

„Ситуацијата е исклучително сериозна. Толку е сериозна што според мене е една од најсериозните во фудбалот што сум ги видел“.

Зборуваше Чеферин и за Суперлигата, идеја за елитно натпреварување во кое ќе играат само најдобрите европски клубови, која за прв пат се роди пролетта 2021 година, тука првиот човек на УЕФА јасно порача дека нема што да се преговара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато со кој меч ќе се отвори Мундијал 2026

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство наредната година ги одреди Мексико и Јуж…