Дома Останати Кошарка НБА Четворица кошаркари на Бруклин заразени со коронавирус

Четворица кошаркари на Бруклин заразени со коронавирус

Бруклин Нетс вечерва соопшти дека четворица нивни играчи се заразени со коронавирус.

НБА фрашизата потврди дека четворица нивни играчи се покажале позитивни. Бруклин не сакаше јавно да ги објави имињата и наведоа само дека еден од нив покажува симптоми, останатите тројца го имале вирусот, но не покажувале симптоми.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Целиот тим сега ќе биде ставен во изолација и ќе ги следат упатствата.

До овој момент вкупно седум НБА кошаркари се заразени со коронавирусот. Претходно вирусот беше потврден кај Руди Гоберт и Донован Мичел од Јута, како Кристијан Вуд од Детроит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…