Дома Останати Червар: Одлуката не беше лесна, но Хрватска е мојата татковина

Червар: Одлуката не беше лесна, но Хрватска е мојата татковина

Ракометната федерација на Македонија во неделата објави на својата интернет страница дека Лино Червар повеќе не е селектор на националниот тим.

Сега трофејниот тренер прв пат се огласи напуштањето на клупата на Македонија и превземањето на хрватската репрезентација.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Одлуката не беше лесна, но Хрватска е мојата татковина, го кажав тоа и во Македонија која ме задолжи и поради тоа верувам дека ќе останеме во добри односи. Да вистина е дефинитивно решив да се вратам. Тоа е се што можам да кажам во овој момент“, изјави Червар, кој со Металург се наоѓа во Пореч.

Червар повеќе не е селектор на Македонија, но сеуште е актуелен тренер на Металург, но вели дека многу полесно ќе одат работите околу заминувањето од тимот од Автокоманда.

„Тоа ќе оди многу полесно, иако приказната е слична. Тука нема големи проблеми“,изјави Червар.

Според „Јутарњи лист“, Червар во петок ќе биде во Загреб каде ќе ги дефинира сите детали околу преземањето на селекторската функција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тажна вест: Почина германскиот судија кој делеше правда во двете финалиња во ЛШ кога Вардар стана шампион

Светската ракометна федерација (ИХФ) ја потресе спортската јавност со веста дека почина ге…