Дома Фудбал Лига на шампиони Челси ослабен во Амстердам

Челси ослабен во Амстердам

Двајца играчи на Челси од средниот ред го пропуштија последниот тимски тренинг.

Канте и Баркли не тренираа пред доаѓањето во Амстердам и најверојато нема да настапат против Ајакс утре вечер во ЛШ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Баркли го повреди зглобот во саботата против Њукасл, додека Канте се повреди во текот на репрезентативната пауза.

Освен нив двајца, можно е и Антонио Рудигер да не биде доволно спремен бидејќи оваа сезона одигра само 45 минути против Волвс.

Челси и Ајакс играат во терминот од 18:55 часот. Сините имаат три бода и се наоѓаат зад водечкиот Ајакс кој има максимални шест бода. Три бода има и Валенсија, додека Лил е без бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мемфис Депај и хотелска соба од 40.000 евра месечно

Бразилскиот Коринтијанс западнал во големи долгови поради лошо направениот договор со позн…