Дома Фудбал Англија Челси значително ослабен пред стартот на новата сезона

Челси значително ослабен пред стартот на новата сезона

Еден Азар е повреден од порано, а сега на листата е и Педро Родригез, потврди Антонио Конте.

Се уште не е познато кој ќе игра во нападот, не е исклучено покрај Вилијан да играат и Мората и Бачуаи, што Конте имаше предвид да го види на еден од дуелите во подготвителниот период.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Под знак прашање е исто така и капитенот, Гери Кејхил.

„Педро не е на располагање за в сабота, бидејќи ја заработи повредата на мечот со Арсенал. Покрај тоа, мислам дека овој меч е добра шанса Ридигер да биде стартер“, истакна Конте.

Челси одбраната на титулата ја започнува в сабота на домашен терен против Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Натпревар на кариерата: Поради него Јамал вчера ништо не можеше! (Видео)

Левиот бек на Њукасл, Луис Хол, вчера го одигра една од најдобрите натпревари во својата к…