Дома Топ вести Челзи ја одреди цената за Канте, на потег се Реал и ПСЖ

Челзи ја одреди цената за Канте, на потег се Реал и ПСЖ

Како што пренесуваат англиските медиуми екипата на Челсзи е спремен ова лето да го продаде еден од најдобрите играчи Нголо Канте.

Сепак, Сините од Лондон нема така лесно да се откажат и за него ќе бараат висока цена. Канте има договор уште три години и затоа Челзи ќе се обиде да извади што повеќе пари за негова продажба.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Престижниот „Екип“ пишува дека тие веќе поставиле цена на „Стемфорд Бриџ“ и дека станува збор за околу 70 милиони евра.

Моментално се заинтересирани два клуба, Реал Мадрид и ПСЖ. Двата клуба и претходно се поврзуваа со овој фудбалер, но Челзи не сакаше ни да слушне за трансфер.

Сепак, Французинот сега има 29 години и Франк Лампард не го гледа како долгорочно решение во средниот ред. Затоа клубот ќе ги сослуша сите понуди и доколку пристигне вистинска спремни се да го продадат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…