Дома Топ вести Челзи спреми 90 милиони за ѕвезда од Бундеслигата

Челзи спреми 90 милиони за ѕвезда од Бундеслигата

Пандемијата со коронавирусот го запре фудбалот, но и шпекуалциите околу евентуалните трансфери во летниот преоден рок.

Челзи спрема големи засилувања ова лето, па англиските медиуми денес ја открија главната трансфер мета на „сините“, а тоа е ѕвездата на Баер Леверкузен Леон Баили.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овој 22-годишен фудбалер веќе неколку сезони игра одлично и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Меѓутоа се чини дека Челзи е најсилно заинтересиран за играчот од Јамајка.

Баили пристигна во Баер Леверкузен во 2017 година од Гент за сума од 13,5 милиони евра, но неговата цена неколкукратно се зголеми во последните две сезони.

За талентираниот крилен фудбалер заинтересирани се уште Баерн Минхен, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Челзи е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе спремил понуда од 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…