Дома Трансфер зона Челзи спреми 50 милиони за португалски репрезентативец

Челзи спреми 50 милиони за португалски репрезентативец

Раководството на Челзи е спремно да испрати понуда од 50 милиони евра за ѕвездата на Спортинг Лисабон, Матеус Нуњеш, пренесува „А Бола“.

Англиските медиуми ја потврдија веста и тврдат дека Челзи е многу блиску до комплетирање на трансферот на Португалецот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


23-годишниот играч за врска минатата сезона одигра 50 меча во сите натпреварувања на кои постигна 4 гола и запиша 5 асистенции.

Нуњеш веќе е стандарден португалски репрезентативец и е мета на многу европски гиганти.

Неговиот агент Жорге Мендеш наводно веќе ги договорил личните услови со Челзи и се очекува трансферот да се комплетира следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…