Дома Фудбал Пресврт на Островот: Гвардиола ја „презема“ големата желба на Ливерпул!?

Пресврт на Островот: Гвардиола ја „презема“ големата желба на Ливерпул!?

Манчестер Сити веќе почна со детални подготовки за следната сезона, а во плановите на Пеп Гвардиола посебно место зазема реконструкцијата на одбранбената линија.

Според пишувањето на угледниот „Тајмс“, еден од главните цели на Манчестер Сити е дефанзивецот на Кристал Палас – Марк Гуехи, кој веќе некое време е под будното око на скаути од најголемите клубови.

Дваесет и петгодишниот англиски репрезентативец е означен како играч кој би можел да преземе лидерска улога во одбраната на Манчестер Сити во годините што доаѓаат.

Гвардиола, наводно, е исклучително импресиониран од зрелоста на Гуехи, неговата смиреност во играта и способноста да започне напади од последната линија.

Сити сака да ја освежи задната линија по сезоната во која повредите и осцилациите во формата ја покажаа потребата за дополнителни решенија во одбраната.

Во овој контекст, Гуехи не се смета за привремено засилување, туку како долгорочна инвестиција и важен столб на идниот тим.

Посебна тежина на овој интерес дава фактот дека се работи за играч кој веќе се докажа во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…