Дома Останати Ракомет Вардар го потврди големото зсилуваање од Браазил!

Вардар го потврди големото зсилуваање од Браазил!

Ракаометарите на Вардар од јануари ќе бидат посилни за Жоа Педро Да Силва.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Бразилскиот среден бек Жоао Педро да Силва од јануари ќе го засили Вардар. Искусниот организатор на игра ќе потпише договор до јуни 2028 година, со што „црвено-црните“ добиваат искусен играч во бековската линија за следните двеипол сезони.

Да Силва (1994) е универзален бек со примарна улога на среден бек, но може да покрие и лева и десна страна. Препознатлив е по брзата реакција во играта, игра „два на два“ со линијата и веруваме дека со таков профил на играч Вардар го ќе добие на поголема разновидност во нападот.

Доаѓањето на Жоао Педро да Силва се вклопува во амбициите на клубот за силна пролетна полусезона во Лига Европа и во домашното првенство, како и во стратегијата да се гради костур на тимот на подолг рок.

Деталите од договорот ќе бидат официјализирани со неговото пристигнување во Скопје во јануари.

Вардар во февруари и март ќе игра мечеви од Главната фаза на Лига Европа, а исто такa пролетва ќе бидат и мечевите од разигрувањето за титулата во домашното првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Целје падна по пенал драма, Охрид ќе игра за европска титула!

Ракометарите на Охрид испишаа историја откако по подобро изведување на пенали (4-3), по не…