Раководството на Борусија Дортмунд постави цела од 200 милиони евра за најголемата ѕвезда Ерлинг Халанд.
Германскиот клуб тврди дека Халанд не е на продажба, но сепак поставија цена за која веруваат дека заинтересираните клубови нема да ја платат.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Високата цена не го поколеба Челзи, кој спремил понуда од 180 милиони евра за потписот на Халанд, тврдат медиумите на Островот.
Европскиот шампион нема да жали пари за да ја исполни најголемата желба на тренерот Тухел, а тоа е токму Халанд.
Норвежанецот исто така сака да направи чекор напред во кариерата и веќе дал согласност за трансфер на „Стенфорд Бриџ“.