Челзи игра одлично оваа сезона, лидер е во Премиер лигата, а „сините“ спремаат спектакуларно засилување во зимскиот преоден рок со кое ќе бидат главни фаворити за титулата.
Имено, англиските медиуми тврдат дека Челзи тргнува по ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Антонио Конте смета дека Санчез би бил идеален партнер на Диего Коста во нападот, а во прилог на „сините“ им оди фактот што Чилеанецот сеуште не го продолжил договорот со Арсенал.
Сепак, прашање е колку е овој трансфер возможен бидејќи „топџиите“ ќе направат се за да спречат својата ѕвезда да премине во редовите на големиот ривал.
Санчез игра во фантастична форма и оваа сезона веќе има запишано 13 гола и 11 асистенции, а за него интерес покажува и Манчестер Сити.