Дома Трансфер зона Челзи спрема рекордна понуда за Кварацхелија

Челзи спрема рекордна понуда за Кварацхелија

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Грузиецот беше еден од најзасилужните за освоеното Скудето на Наполи, а сега сериозен интерес за него покажува Челзи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот, но понудата од Челзи сигурно ќе го натера на размислување.

Имено, Челзи е спремен да испрати понуда која со бонуси ќе достигне до 100 милиони евра.

Оваа сезона не оди добро за Наполи, па и самиот фудбалер сака да се пресели во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…