Шпанските и англиските медиуми најавуваат дека Челзи во јануари или следното лето може да направи шокантен трансфер и тоа од Реал Мадрид.
Имено, медиумите тврдат дека Серхио Рамос не е повеќе недопирлив во Реал Мадрид и дека Флорентино Перез е спремен да го слушне понудите за капитенот следното лето.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Англиските клубови будно ја следат ситуацијата, а најголем интерес за Рамос покажуваат Челзи и Манчестер Јунајтед.
Шпанскиот дефанзивец има 31 година и заработува 10 милиони евра по сезона, па поради тоа Перез смета дека би можел да го замени со помлад од него и дека е одлично време да заработи на неговата продажба.
Иако ова делува неверојатно, сепак Челзи веќе стапил во контакт со неговиот агент, а медиумите тврдат дека трансферот има големи шанси да се реализира, особено поради фактот што и самиот фудбалер има желба да ја промени средината.