Дома Фудбал Англија Челзи повторно на удар: Вработил татко на фудбалер како – лажен скаут!

Челзи повторно на удар: Вработил татко на фудбалер како – лажен скаут!

Поради информациите до кој дојде „Фудбал Ликс“ Челзи овие денови се наоѓа на насловните страници.

Имено, вчера беше објавена ситуацијата со Н’Голо Канте и неговото одбивање да ги прекрши правилата, додека денес „сините“ повторно се најдоа во центарот на вниманието поради друг играч.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа информација ја објави данскиот „Политикен“ , секако повикувајќи се на „Фудбал Ликс“. Во прашање е фудбалерот Андреас Кристенсен кој додека Антонио Конте беше во клубот имаше стандардно место, но по доаѓањето на Сари не добива премногу прилика за игра.

Имено, Челзи го вработил таткото на Кристенсен како лажен скаут пред шест години со огромна плата. Таткото на фудбалерот добил плата во износ од околу 600.000 фунти иако претходно никогаш не работел како скаут, па очигледно е дека се работи за измама.

„Сините“ ова го направиле со цел Андреас да се пресели во Англија на 16 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дајк ќе биде минато, Ливерпул за 100.000.000 добива две засилувања

Францускиот стопер Жереми Жаке вчера беше официјално потврден како новиот стопер на Ливерп…