Дома Фудбал Англија Нетипичен фудбалер и препоштен човек: Канте му кажал НЕ на даночниот рај: Само сакам нормална плата!

Нетипичен фудбалер и препоштен човек: Канте му кажал НЕ на даночниот рај: Само сакам нормална плата!

Во свет каде сите фудбалери се борат за што поскапи договори и поголеми заработки, потегот на Нголо Канте не е правило, туку исклучок, па затоа е за секаква пофалба.

Имено, во серијата на тајни документи објавени од „Football Leaks“ се открива дека Канте одбил да прима плата преку сметка во земјите каде владее даночен рај и инсистирал целиот приход да биде пријавен законски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Целата сторија ја откри француски „Медиапарт“ кој открива дека Канте веќе имал регистрирано компанија во Џерзи, автономен остров во Ламанш, познат како даночен рај. Меѓутоа не сакал да ги заобиколува законите како останатите фудбалери и одлучил да ги пријавува сите приходи.

Имено, во 2016 година кога Канте се пресели од Лестер во Челзи потпиша договор со годишна плата од 5 милиони евра. Луѓето од Челзи и неговите агенти го советувале да избегне да плаќа данок од 20%, односно 1 милион евра, но Французинот категорично кажал НЕ.

Канте објаснил дека не сака да има компликации во животот и едноставно само сака нормална плата со која законски ќе бидат платени сите даноци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…